МОДУЛ 5. ПРЕБРОЈ МЕ СЕКАДЕ!


ВОВЕД

Овој модул е за користење математика во секојдневни животни ситуации кај слабо квалификувани и ниско образовани возрасни лица над 45-годишна возраст. Дали познавате личност која не може да изнајде начин за излез од ситуации кога е потребно додавање или одземање? Дали вакво лице го мрази пресметувањето на процентите и не верува во себеси дека резултатите се точни? Вакво лице може да биде во состојба на функционална неписменост. Лицето исто така може да биде дислектично, да се бори да најде свои начини на функционирање ...

Можеби користењето математички вештини кај возрасните би било поуспешно ако се посветиме на промена на нивниот став кон математиката. Едукаторите треба да ги истражуваат чувствата на нивните ученици кон оваа тема. Тие пак, треба да ги идентификуваат своите стравови, предрасуди и да развијат стратегии за нивно надминување. Најдобар начин да се направи тоа е со примена на математика во реални животни ситуации.

Learnersmot2 2021