За проектот

LearnersMot2

Создавање на континуирана поддршка на околина за учење за возрасни над 45+, со ниско образование и слаби/недоволни квалификации.

Како продолжение на проектот LearnersMot Erasmus +, проектот LearnersMot2 продолжува со креирање директни насоки кон едукаторите за возрасни. Индиректно, активностите ќе биде насочени кон нискообразовани и слабо квалификувани возрасни работници над 45 години, бидејќи стареењето на работната сила е една од главните демографски промени во земјите на ЕУ.

Од оваа причина, потребно е да се охрабрат нискообразованите и слабо квалификуваните работници да запишуваат и следат дополнителни образовни програми и да останат во процесот на образование. Потребно е да се зајакнат вештините за писменост и математика на работниците, како и нивните културни, комуникациски, социјални и технолошки вештини за да можат успешно да ги извршуваат своите секојдневни лични или професионални задачи и да учат сами од околината.
Повеќето наставници за возрасни се снаоѓаат во справувањето со обучување на возрасни ученици со повисоко ниво на образование, додека тие имаат потреба од поддршка кога ќе се сретнат со возрасни ученици со ниско ниво на писменост.

Главната цел на овој проект е да се осигури дека наставниците за возрасни имаат знаење и вештини потребни за создавање на продуктивни и ефективни средини за учење за возрасни со нивоа на образование кои се под барањата на професионалното, социјалното и културното секојдневно опкружување.

0
учесници во мешан курс
0
Повеќенаменски настани
0
добри практики

Целите

Мотивирајте ги работниците

Да се промовираат активности насочени кон постојана мотивација на нискообразованите и слабо квалификуваните работници.

Подобрување на професионалните вештини

Да се подобрат професионалните вештини на наставниците за возрасни за создавање неформална околина за учење за нивните ученици.

Да се обучат наставниците да им помагаат на своите возрасни ученици во следните активности:

  • да ја разберат природата и процесот на социјализација / технолошко образование
  • да воочуваат и користат концепти на математиката и применетата математика во секојдневните животни ситуации
  • да ги зајакнуваат своите основни вештини потребни на работа и восекојдневниот живот и да ги подобруваат нивните вештини за учење.

главни резултати од проектот

1.

Концептуална рамка, преглед и материјали од онлајн курсот за воспитувачи за возрасни.

2.

Мобилна апликација за возрасни со ниско ниво на образование и квалификација.

3.

LearnersMot Gym: Библиотека со ресурси и мешан курс за едукатори за возрасни.

Активности за обука (тренинг)

Активност за обука
Љубљана, Словенија
U3A
10ти до 13-ти мај 2022

Транснационални состаноци

24-25 Ноември 2020
Прв транснационален состанок​
Реус, Шпанија (он лајн)
EDENSOL
24-25 Ноември 2020
20 Oктомври 2021
Втор транснационален состанок
Штип, Република С. Македонија (онлајн)
Goce Docev University
20 Oктомври 2021
21-22 април 2022
Трет транснационален состанок
Никозија, Кипар
EUROSUCCESS
21-22 април 2022
13-14 Октомври 2022
Четрвти транснационален состанок
Лублин, Полска
OIC POLAND
13-14 Октомври 2022

Multiplier Events

Настан 1
Жалец, Словенија
UPI
Октомври 2022
Настан 3
Реус, Шпанија
EDENSOL
Октомври 2022
Настан 5
Љубљана, Словенија
U3A
Октомври 2022
Настан 2
Никозија, Кипар
EUROSUCCESS
Октомври 2022
Настан 4
Штип, Република С.Македонија
Goce Delcev University
Октомври 2022
Skip to content