- learnersmot2@gmail.com
- Проект бр: 2020-1-ES01-KA204-081775
Создавање на континуирана поддршка на околина за учење за возрасни над 45+, со ниско образование и слаби/недоволни квалификации.
Како продолжение на проектот LearnersMot Erasmus +, проектот LearnersMot2 продолжува со креирање директни насоки кон едукаторите за возрасни. Индиректно, активностите ќе биде насочени кон нискообразовани и слабо квалификувани возрасни работници над 45 години, бидејќи стареењето на работната сила е една од главните демографски промени во земјите на ЕУ.
Од оваа причина, потребно е да се охрабрат нискообразованите и слабо квалификуваните работници да запишуваат и следат дополнителни образовни програми и да останат во процесот на образование. Потребно е да се зајакнат вештините за писменост и математика на работниците, како и нивните културни, комуникациски, социјални и технолошки вештини за да можат успешно да ги извршуваат своите секојдневни лични или професионални задачи и да учат сами од околината.
Повеќето наставници за возрасни се снаоѓаат во справувањето со обучување на возрасни ученици со повисоко ниво на образование, додека тие имаат потреба од поддршка кога ќе се сретнат со возрасни ученици со ниско ниво на писменост.
Главната цел на овој проект е да се осигури дека наставниците за возрасни имаат знаење и вештини потребни за создавање на продуктивни и ефективни средини за учење за возрасни со нивоа на образование кои се под барањата на професионалното, социјалното и културното секојдневно опкружување.
LearnersMot Gym: Библиотека со ресурси и мешан курс за едукатори за возрасни.
„Поддршката на Европската комисија за изработката на оваа публикација не претставува одобрување на содржината што ги одразува само гледиштата на авторите и Комисијата не може да биде одговорна за каква било употреба на информациите содржани во неа“.
Проект бр: 2020-1-ES01-KA204-081775
Copyright © Learnersmot2 2025